Новите времиња носат нови маркетиншки текови, па така една позната туристичка агенција ја продолжи традицијата да ги чести познатите лица од естрадата и јавниот живот со неколкудневни излети на егзотични дестинации на море во Турција.
Овој пат изборот падна на две познати македонски поп пејачки од помладата генерација и една наша манекенка и топ модел.
Теа Трајковска и Лара Иванова за едно со моделот Илариа Кирилов уживаа во сончевата Анталија, каде во неколкудневниот престој ги искористија сите благодети на прекрасната клима и врвната хотелска понуда.
Секоја убава и привлечна на свој начин, остава впечаток кој долго се памети…
Илариа Кирилов не попусто е топ модел кој се почесто добива и однадвор понуди за работа. Со својот ангелски лик и пропорции кои и гарантираат чекори и по светските модни писти, русокосата убавица тргна да ги лови брановите на песочното крајбрежје.
View this post on Instagram
Сепак највозбудливото од неа доаѓа кога Илариа ќе се соблече, овој пт во розови барби бикини минувајќи го сончевиот ден покрај отворениот хотелски базен. „Кет вок“ на тело од „милион долари“ и глетка за „влажни машки погледи“, која нема вистинско машко што нема да го возбуди!
View this post on Instagram
Во топ од бела плетка и ленено здолниште крај хотелскиот базен или во бикини крај дивите морски бранови, Лара Иванова исто така има што да понуди… Атрактивна и згодна, а овој пат и дополнително заводлива и возбудлива…
View this post on Instagram
Особено додека онака испружена на бродската мрежа го темнее тенот, а уште повеќе во позите сликана одзади, откако ќе го сврти погледот кон базенот.
View this post on Instagram
Теа Трајковска е русокоса убавица, која доплнително својата убавина ја истакна во црвени бикини и долга наметка од провидна црна тантела. Елегантно, спортски, секси… во полн сјај, уживајќи во ова мало парче од земскиот рај!
View this post on Instagram
Но она што дополнително ќе го направи возбудлив вашиот ден е таканаречениот „секси еурокрем“! Зашто ако Илариа Кирилов умее да ве остави подзинати соло, Лара Иванова и Теа Трајковска во „чоколадно друштво“ крај базенот ќе ви го разубават денот.
Двете наши бели убавици во друштво на уште две црномурести, додека ги „цевчат“ своите коктели и на водата во базенот почнува да и станува се’ пожешко.
View this post on Instagram
А кога македонските убавици, пејачки и инфлуенсерки засилени со натурилизираната црномуреста македонска снашка Емм Вандера Блажеска ќе занишаат колкови на песната на ДНК… Е дури тогаш на глетката не можеа да и одолеат ни Панчо ни Андреј, па веднаш им испратија понуда што не се одбива – да бидат нивна танчарска група!
View this post on Instagram
Црномурестата „натурилизирана Македонка“ Емм веднаш прифати без проблем, изјаснувајќи се дека е веќе подготвена… Остана уште Панчо да понуди цена!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/theatrajkovska/_lara.iv_/ilariaakirilov/emmwandera