Пејачката и виолинистка Андријана Јаневска, а од неодамна и доктор на науки, на своите следбеници им покажа како изгледа нејзиното парче рај.
Велат дека секој најубаво се чувствува кога е дома, а кога просторот е уреден по мерак, особено дворот, ако го има – тогаш тоа е вистинско уживање за секого.
Андријана со сопругот и двете синчиња живее во скопско Бардовци каде имаат куќа со двор кој е прекрасен парк со многу зеленило, цвеќиња и уникатна декорација од екстериерот.
Во една прилика, пејачката истакна дека е љубител на природата, а дека нејзината градина е вистински рај.
Пејачката досега неколкупати покажа како изгледа надворешниот дел од домот, а многумина би посакале вакво нешто.
Со оглед на тоа дека пролетната сезона е во тек, а со тоа и време за садење нови растенија и подготовка на градините, Андријана како што е редот почна со ќеф да си ja уредува нејзината приватна оаза.
Таа кусите приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија од својот дом и го покажа нејзиниот двор исполнет со зеленило и сезонски цвеќиња за кои нагласи дека сега ги садела.
View this post on Instagram
Нема сомнеж дека Андријана тука ужива по долг, работен и напорен ден, па не мора да бидеш на некоја егзотична дестинација за да се релаксираш, опуштиш нерви и да уживаш.
Кој не би посакал ваков рај за очи и мир за душа?
фото: Instagram printscreen/ andrijana_janevska