Актерот Сергеј Трифуновиќ на 12 мај се ожени со својата две децении помладата избраничка Исидора Мијановиќ и кажаа „да“ пред Бога, а парот често споделува моменти од својот живот на интернет.
Исидора сега на својот Инстаграм објави серија фотографии од патувањето, а покажа како ужива на плажа во црно бикини.
Таа сподели и неколку фотографии и видео на кое се гледа дека ја посетила пустината и се дружела со камили, но не откри каде билe во таа прилика.
– Ти си светлината на моите очи – напишала под објавата на арапски.
View this post on Instagram
Да потсетиме дека свадбата на Сергеј Трифуновиќ привлече голем интерес во јавноста.
Пред се затоа што актерот важеше за заводник и вечен ерген, а потоа и поради разликата во годините, поточно 22, на сегашната сопруга Исидора.
фото: printskrin/instagram/isismo