Се сеќавате ли на згодната Ромка од женската вокална група „4 Плеј“? Сакине Џеладиновска беше дел од третата сезона на македонското музичко талент шоу „Плеј – потрага по ѕвезди“, после што заедно со Нина Јанева, Магдалена Цветковска и Изабела Јованов беа избрани да бидат членови на женската вокална група „4 Плеј“. Како бенд иако не постоеја долго време на сцената, сепак издадоа неколку хита, од кои некои кои се пеат и ден-денес, како баладата „Те молам не плачи“, на пример.
За Нина и Магдалена кои продолжија да се занимаваат со музика и по распадот на групата, горе-долу и денес се’ е познато, Изабела оддамна повеќе не живее во Македонија, а Сакине Џеладиновска ја имаше, па немаше, се појави, па потоа пак исчезна од сцената.
Пред пет години промовираше музички проект – „Нов почеток“, чиј наслов симболично требаше да значи и нејзино враќање на сцената, но до тоа не дојде… Или поточно, не дојде до нешто што е константно, туку само парцијално.
Денес во најавата на нејзиниот Инстаграм профил стои дека Сакине е музичар, психолог и инструктор по зумба и фитнес танци. Но она што исто така важно, Сакине и после толку години изгледа убаво, харизматично, привлечно, симпатично… И над се’ – бомбастично!
Доказ дека е тоа така се и летните фотографии на социјалните мрежи на кои дефинитивнао подзаборавената ромска убавица изгледа повеќе од атрактивно!
Сакине во бел костим за капење во игра со кучето, во плиткото, во бистрите води на Охридското езеро.
Расна и телесно раскошна, во бели бикини со бујни облини, пејачката изгледа повеќе од пожелно, привлечно и заводливо.
Иако можеби нема манекенска става, ама затоа има солидни пропорции, токму онакви какви што посакуваат бројните мераклии на женското тело кое не е лошо малку „да го има“!
Убавицата со темен тен во најголемите годинешни летни горештини по цел ден уживала во убавините на македонскиот бисер и неговите проѕирно бистри води.
Сакине Џеладиновска сплотена со природата, налик на Џеј Ло на брегот на Охридското езеро!
Фото: Инстаграм/sak_i_ne