Само ден откако Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудеља приредија интимна прослава по повод нивната граѓанска венчавка во Белград, во домот на Ражнатовиќ се подготвуваат уште неколку забави.
Покрај родендените на најстариот син на Вељко и Богдана Ражнатовиќ на 3 јуни и на Светлана Цеца Ражнатовиќ на 14 јуни, парот на 28 јуни на Видовдан ќе го крсти и третиот син Исаија.
Оваа информација ја откри Вељко на својата инстаграм приказната.
Синот на Цеца објави фотографија од рачно насликана икона на Милош Обилиќ и му се заблагодари на лицето што му ја подари на бебето, родено на 14 мај.
„Недовршено ремек дело од брат Исаија за крштевањето на Видовдан“, напиша Вељко Ражнатовиќ.
фото: printskrin/instagram