Радио Милева

Се ожени братот на Анџелина Џоли – Таа не дојде на прослава (фото)

Се ожени братот на Анџелина Џоли – Таа не дојде на прослава (фото)

Братот на Анџелина Џоли, Џејмс Хевен, тајно се ожени со Роми Имбели, ѕвездата на американското реално шоу „The Real L Word“ (драма серија што ги следи животите на лезбејките во Лос Анџелес).

Роми ја откри веста објавувајќи фотографии и видеа од венчавката.

„Во 2024 година се омажив за мојата најдобра пријателка, со која сум 23 години. Деталите за нашата приказна се премногу лични и комплицирани за да ги споделам сега, но сите ги пишувам во мојата книга. Денот на нашата венчавка беше интимен, само ние и нашите родители додека си разменивме завети, планираме поголема прослава подоцна“, напиша таа.

Роми тогаш откри дека ден по венчавката имале голема караница, и дека по пет месеци плачење, помирување и размислување решиле да си ги решат проблемите.

„Се чувствувам подготвена да се вратам кај мојот сопруг и нашиот дом во Лос Анџелес. Сè што се случи во изминатите неколку месеци беше дел од поголем план. Секогаш ќе ја чувам 2024 година длабоко во моето срце. Животот е премногу краток. Живеј го “, напиша таа, а потоа се присети на својот покоен татко.

“Верувам дека не гледа од небо и ни се смешка. Џејми ме запроси на гробот на татко ми”, додала таа.

Фото: printscreen/instagram

To top