Радио Милева доста му е!

Саша Ковачевиќ планира тајна венчавка: Пејачот се нервира од прашања кои не „држат место“ (фото)

Саша Ковачевиќ планира тајна венчавка: Пејачот се нервира од прашања кои не „држат место“ (фото)

Зорана Тасовац го освои срцето на популарниот пејач Саша Ковачевиќ уште во 2017 година. Времето лета, а Саша како абер да нема да ја побара за жена.

Заљубениот пар внимателно ја чува својата приватност и ретко се појавуваат заедно пред камерите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

„Секој од нас сака да најде малку мир, па не сум ниту јас исклучок. Успеав да го организирам животот онака како што ми одговара. Не дозволувам ништо да ми го наруши времето кое можам да го поминам со семејството“, вели поп ѕвездата.

А семејството на Саша, со кое го дели секојдневието, се Зорана и нејзината ќерка Искра. Иако девојчето е родено во бракот на Зорана со Богдан Срејовиќ, пејачот ја доживува како свое дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

„Јас не сум нејзин биолошки татко, но ја нарекувам мое дете. И утре, кога ќе имам свое биолошко дете, Искра ќе биде моето прво дете“, зборувал Саша.

Девојката на Саша Ковачевиќ ужива во извонредното внимание на своето момче, кое во секоја прилика ѝ се обраќа со зборовите – поубава половина.

„Ја сакам мојата љубена и уживам во секој момент кој го поминувам со неа. Таа е мојата втора половина, евидентно поубава“, јасен бил Саша Ковачевиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

Нема сомнеж дека Зорана и Саша се сакаат безусловно, но никому не му е јасно зошто не одат пред матичар.

„Навистина не знам зошто на луѓето тоа им е толку интересно. Сигурен сум дека кога ќе помине свадбата ќе започнат прашањата кога ќе дојде детето, па кога ќе дојде второто“, изјавил пејачот, кој планира да се ожени далеку од очите на јавноста.

фото:Instagram printscreen/ sashakovacevic

To top