Саша Ковачевиќ, препознатлив по својот талент и успешна музичка кариера, со години ги освојува срцата на публиката ширум регионот. Но, покрај тоа што е познат како еден од најуспешните изведувачи, Ковачевиќ стекна репутација и на вистински шармер по кој девојките лудуваат.
Пејачот никогаш не криел дека неговиот изглед е резултат на големи жртви од секојдневните мали задоволства.
„Следам сопствен режим на живот повеќе од 7 години. Многу сум строг кога станува збор за храна и вежбање. Се случува повеќе од половина година да не изедам ниту една коцка чоколадо, толку сум дисциплиниран. Тоа може да оди до крајност и во некаква болест, како што моето семејство сака да се шегува, но тоа е мојот начин на живот“ – изјави пејачот.
Поубавата половина на Саша, долгогодишната девојка, Зорана Тасовац не заостанува зад него кога е во прашање физичкиот изглед, но за разлика од пејачот таа наместо на дисциплината и е благодарна на мајката природа.
„И јас би помислил дека е дисциплинирана да не ја познавам, ама за среќа има таква генетика“ – искрен беше Ковачевиќ.
Фото: Инстаграм/sashakovacevic