Радио Милева „музиката обединува и лекува“

Сара Јо пред скопската публика со грутка во грлото и солзи во очите пееше за Панчо ДНК (ВИДЕО)

Сара Јо пред скопската публика со грутка во грлото и солзи во очите пееше за Панчо ДНК (ВИДЕО)

Изминатиот викенд во еден познат скопски ноќен клуб настапуваше познатата српска поп-пејачка Сара Јо.

Уште пред да дојде во Македонија, таа преку својот Инстаграм најави дека се подготвува својот настап да му го посвети на својот пријател и колега Панчо ДНК.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)

Сара Јо  емотивениот настап во Скопје  го посвети на својот долгогодишен соработник и близок пријател Панчо којшто почина по повеќемесечна борба по пожарот во Кочани.

Во публиката беше и пејачката Тамара Тодевска која ја сними емотивната изведба со посвета:

-Скопје, ти ми ја излекува душата. Во моментот кога најмногу ми требаше. Ова беше мојот прв настап откако го загубив мојот колега, доживотен пријател, брат Панчo и ти успеа да ја претвориш таа болка во најголемата љубов што некогаш сум ја почувствувал на сцената.
Ви благодарам за секоја песна што ја испеавте со мене, за секој поглед полн со љубов, аплауз, насмевка… И што уште еднаш покажа дека музиката навистина обединува и лекува.
Те носам во моето срце засекогаш . Те сакам најмногу!!!- напиша пејачката на Инстаграм.

Инаку, Панчо и Сара долги години соработуваа, односно тој ѝ беше букинг агент за Македонија и ѝ договараше настапи низ земјава.

Со текот на времето тие се зближиле и приватно, па така нивната соработка се претворила во пријателство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)

„Во сабота ќе пееме за тебе. Мој незаменлив П. Те сакам. Засекогаш“, напиша Сара на видеото на кое  Панчо во позадина пушта музика.

Настапот на Сара беше исполнет со многу емоции, музика и искрена посвета, а публиката во Скопје имаше можност да биде дел од вечер во која се слави пријателство, спомени и музичка поврзаност.

фото:Instagram printscreen/sarajoofficial

To top