Ќерката на Нино Решиќ, пејачката Сандра Решиќ неодамна доживеала инцидент во Франција.
Таа доживеала голема непријатност, но и покрај опасноста не се исплашила.
Во центарот на Париз мигрант се обидел да и ја украде чантата на Сандра, а таа му го скршила носот.
– Сандра приватно отиде во Париз со пријателка да купи некои работи и да се одмори од работа. Ова беше помеѓу нејзините патувања и настапите во Дубаи.Веројатно добро заработила, па решила малку да се почести. Додека се движеле по улица во центарот на Париз, пришол мигрант и ја украл чантата на Сандра. Наместо да се исплаши, Сандра збесна! Ги исфрлила торбите што ги носела и потрчала по него. Набрзо стигнала до него, му скокнала одзади, го соборила на земја, го свртела и почнала да го удира. Луѓето кои гледаа се од страна беа шокирани. Нејзината пријателка подоцна изјавила дека Сандра дури и му го скршила носот – изјавил извор за локалните медиуми, а Сандра ја потврдила приказната.
– Да, се обиде да ме ограби. Ми ја украде чантата, не е важно што имав внатре, картичките ги чувам во телефонот, а мобилниот ми беше во рака како и секој пат. Го бркав само затоа што не сакав пак да се замарам со лична карта, ме мрзи да одам и пак да го извадам сето тоа. Да останав без сето тоа, ќе требаше да одам во амбасада, за потоа да се вратам во Србија. Бев повеќе исплашена и тоа беше мојата инстинктивна реакција – изјави пејачката за „Скандал“.
фото: printskrin/instagram