Популарната фолк ѕвезда Сандра Африка работи понапорно од кога било – сите нејзини летни концертни термини се резервирани одамна, но сепак успева да најде време за квалитетен одмор.
Пејачката, всушност, најмногу ужива на својата јахта, што со години е предмет на шпекулации во јавноста. Сандра направи кратка пауза од своите настапи среде Јадранот, каде дополнително го исонча своето веќе исончано тело, за кое многумина велат дека „вреди милион долари“.
Африка отсекогаш била позната како една од најжешките и најатрактивните на сцената, а добрата генетика, редовните тренинзи и внимателно одбраните оброци резултирале со тело по кое никогаш не престанува да воздивнува машката публика.
Убавата пејачка позираше на таков начин да покаже баш сè што треба – негуваното лице, но и брутално истренирано тело во атрактивен костим за капење кој ги покажуваше сите нејзини облини.
фото: printscreen/instagram/sandraafrika