На социјалните мрежи доста често се појавуваат трендови или предизвици кои ги поставуваат познатите кои потоа стануваат еднен вид на интересна игра или во случајот копање по спомените и минатото.
Досега многупати сме виделе фотографии од познатите кога биле мали, но секогаш некој има да објави фотографија повеќе или таква што не сме ја виделe досега.
Деновиве повторно можеме да ѕирнеме во детството на некои познати личности и тоа од предизвикот да се објави фотографија од детството која ја отсликува енергијата кога сте биле мали со онаа денес.

Овој пат гледате едно мало слатко девојченце, насмеано, полно љупопитство, жар во очињата и потреба за спознавање и доживување на рингишпилот.
Оваа мала убавица денес е една од најпознатите водителки која секојдневно ја гледаме од кулинарското шоу „Брза кујна“. Веројатно веќе погодувате, оваа слатка малечка е Сања Савеска.

Убавата водителка редовно го полни својот Инстаграм профил, па не пропушти да „тргне“ на патешествие од минатото преку фотографии и да најде токму една ваква која смета дека е вистинската за предизвикот.

А кога сме успеале да се идентификуваме од со она што сме денес и некогаш, значи сме го задржале детскиот дух кој е вистинска доблест да се има.
фото: Instagram printscreen/sanja_saveska







