Радио Милева (не само) нов стан?

Само што се разведе од сопругата, а веќе најде ново прибежиште, а можеби и нешто повеќе: Александар Јосифовски се всели во станот кај српската пејачка во Белград (ФОТО)

Само што се разведе од сопругата, а веќе најде ново прибежиште, а можеби и нешто повеќе: Александар Јосифовски се всели во станот кај српската пејачка во Белград (ФОТО)

Поранешниот учесник на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“, Александар Јосифовски по осум години заеднички се разведе од сопругата Теодора. Веста за разводот на пејачот кој ја освои публиката и со гласот и со изгледот изненади многу обожаватели.

Иако многумина шпекулираа за причините за крајот на бракот, Јосифовски посочува дека зад разводот не стои ниту измама, ниту љубомора:

„Се обидовме да исправиме некои работи, но тоа едноставно не ни успеа. Не се работи за никаква љубомора или неверство. Благодарен сум и на Теодора што беше со мене во најтешките моменти од мојот живот и тоа никогаш нема да го заборавам“ – изјави тогаш пејачот.

Непосредно  по разводот Александар  откри дека не само што го променил брачниот статус, туку решил да ја промени и локацијата на живеење.
Имено, охрижанецот обзнани дека се отселил од Македонија, а сега ги откри и деталите, каде е неговиот нов дом.

Иако се’ уште тврди дека Охрид и понатаму е неговата оаза на мирот, тој објасни дека нашол и стан по свој вкус во Белград.

„Белград ме освои, дојдов овде“ – кусо објасни пејачот, а српските медиуми веднаш провалија дека Александар Јосифовски всушност веднаш по разводот се вселил во станот кај една позната српска пејачка.

Дека е тоа така, призна и самиот пејач, објаснувајќи дека сепак не е тоа – она, што многумина помислија:

„Кога бев на турнеја во Америка барав стан кој ќе биде музички. Убаво беше направен, додадовме нешто, одзедовме и случајно дознав дека станува збор за музички стан“ – вели рок ѕвездата на „Гранд“ и додава:

„Прво да ја поздравиме Јелена Гербец, ова е нејзини стан. Таа била тука, така дознав, но сега овде живеам јас. Ова е тотално музички стан“ – појаснил Јосифовски.

Но, по се изгледа станот „не е празен“ и не е само музички, зашто очигледно во него има и други гости или можеби се и домаќини? Одговорот се чека од Јосифовски, ама затоа буди многу љубопитство и  отвора дилеми прашањето:

„Београѓани, како е?“  на водителката и модел Вера Мештеровиќ која играше во неговиот спот за последната песна  „Твој сам промашај“, прашање поставено покрај фотографијата на пејачот со една згодна и атрактивана дама?!

Фото: Инстаграм/alexandarjosifovski

To top