Радио Милева јасен центар

Рита Ора прошета во проѕирен фустан, а сите очи беа вперени во градите на мегдан (фото)

Рита Ора прошета во проѕирен фустан, а сите очи беа вперени во градите на мегдан (фото)

Пејачката Рита Ора заблеска во светкав проѕирен фустан на настапот на групата „Girls Aloud“ и привлече внимание со својата храбра комбинација која во прв план ги ставила нејзините гради бидејќи не носела градник.

Со креацијата, Ора искомбинирала црни чизми, косата ја стилизирала во пуштени брановидни прамени, а изгледот го заокружила со нежна шминка.

Како придружба го повела својот сопруг Таика Ваитити кој ја тешел по емотивниот момент во кој присутните ѝ оддале почит на починатата членка на „Girls Aloud“, Сара Хардинг, која почина од рак на дојка во 2021 година.

Пејачките запеаја во нејзина чест додека на екранот во позадина се менувале фотографии од неа, пренесува „Daily Mail“.

фото:Instagram printscreen/ ritaora/Х/ Twitter

To top