Поранешната учесничка во реалното шоу „Задруга“, Тара Симов, по кратка вербална расправија нападнала маж со нож во Охрид.
Имено, Тара Симов посетила ресторан на плоштадот „Свети Климент Охридски“ во македонскиот туристички бисер Охрид на 30 јули, годинава. По кусо време избувнала расправија меѓу неа и машка личност со иницијали Г.М. (49) од Охрид. Овој вербален конфликт завршил со физичка пресметка, па Симов го нападнал мажот со нож.
Како што пишува српски „Блиц“ во прашање е таткото на нејзиното бившо момче со кое тој ден таа се скарала.

„На 30 јули 2025 година, во угостителскиот објект на плоштадот ‘Свети Климент Охридски’ во Охрид, дошло до физички конфликт помеѓу две лица – Т.С. (25) од Србија и Г.М. (49) од Охрид. Според информациите на СВР Охрид, во инцидентот Т.С. го нападнала Г.М. со нож. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава“ – стои во полицискиот билтен на СВР Охрид.

Полицијата дошла на местото на настанот, зела изјава и направила записник. Како што објавија медиумите во регионот, Тара Симов и Г.М. биле донесени на распит, а засега не е познато дали против неа е покренато и обвинение.
Откака случката осамна во македоските и српските медиуми, се огласи и самата Тара Симов со своја верзија на настанот, преку својот Инстаграм портал со куса, според едни предупредувачка, според други заканувачка објава

Штом судската постапка која се води против Н.Н. лицето од кое бев физички нападната на 30.07. ќе ја добиете вистината. А секој портал кој објавил дека јас некого сум нападнала и тоа со нож, ќе биде кривично гонет“ – стои во објавата на Тара Симов.

При тоа ја потсетуваме и неа и јавноста дека објавите се темелат врз соопштението објавено во Официјалниот полициски БИЛТЕН на СВР Охрид.


Фото: Инстаграм/tarasimov11




