Ако сте во потрага по вкусен и здрав оброк кој не содржи месо, овие посни полнети пиперки се вистинскиот избор. Идеални се како главно јадење за ручек или вечера, богати со зеленчук и ароми кои го будат апетитот. Подгответе ги за себе, за семејството или за посна трпеза – вкусот сигурно ќе ве изненади!
Состојки (за 4 лица):
-8–9 широки пиперки за полнење
-500 грама излупен и крупно изрендан компир
-2 моркови, крупно изрендани
-3 чешниња лук, ситно изрендани
-1 главица кромид, ситно сечкан
-1/3 врзопче магдонос, ситно сечкан
-2 рамни лажици сув зачин
-1 поголем домат, излупен и изрендан
-1 рамна лажица лута/блага, толчена пипер
-морска сол, по вкус
-свежо мелен црн бибер, по вкус
-маслиново масло
Подготовка:
Измијте ги пиперките, отстранете ги дршките и семките. Оставете ги на страна. Во тава на масло пропржете ги компирот, морковот, кромидот, лукот, магдоносот и изренданиот домат. Додадете ги сувиот зачин, толчената пиперка, солта и биберот. Добро промешајте за да се соедини смесата и тргнете од оган. Со подготвената смеса наполнете ги пиперките. Наредете ги во огноотпорен сад или тава, полевајќи ги одозгора со малку маслиново масло и 150 мл вода. Покријте ги со фолија и печете ги во загреана рерна на 200°C околу 40–50 минути. Последните 10 минути отстранете ја фолијата за да се запече горниот дел.
извор:kurir.mk







