Вистинскиот македонски појадок е незамислив без парче леб или некој друг производ од тесто како пецива, пити и слично.
Многу луѓе не можат да одолеат на мирисот на свежо печен леб што се шири низ домот. Доколку сте љубител на француски багет, овој рецепт често ќе го правите.
Состојки:
500 гр глатко брашно
370 мл млака вода
1 лажичка сув квасец
1 лажичка сол
Подготовка:
Сувите состојки измешајте ги во сад, па постепено додавајте ја водата за да се замеси тестото. Кога ќе стане компактно, оставете го во сад да нарасне на топло место околу 45 минути. Покријте го садот со памучна крпа или фолија.
По 45 минути, тестото префрлете го на работната површина и со влажни раце замесете го кратко, па обликувајте го во јуфка и оставете го повторно да нарасне околу 45 минути. И овој пат покријте го со крпа.
Повторете ја истата постапка на работната површина три пати. Кога трипати ќе го замесите тестото, поделете го на четири дела. Секој дел од тестото нежно обликувајте го во јуфка, покријте сè и оставете уште 15 минути тестото да „одмори“.
Нежно истегнете го со прстите на површината во форма на правоаголник и свиткајте го до саканата должина. Секој багет префрлете го во плех и оставете да нарасне околу половина час пред да ги ставите во рерна. Пред да ги испечете багетите, засечете ги малку дијагонално.
Во рерна загреана на 250 степени ставете тава до половина наполнета со вода, па кога водата ќе почне да врие, ставете ја тавата со багетите врз неа и печете ги 20 минути на 220 степени. Благодарение на пареата што се шири од долната тава, багетите однадвор ќе бидат крцкави, а внатре меки и воздушести.
извор:popara.mk
фото:Freepik