Радио Милева модел

Ретро фотографии од Тијана Дапчевиќ: Пејачката извади фотографии од архива и покажа како изгледала некогаш (фото)

Ретро фотографии од Тијана Дапчевиќ: Пејачката извади фотографии од архива и покажа како изгледала некогаш (фото)

Македонската пејачка со белградска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ е активна на социјалните мрежи.

Имено,таа често знае да објави фотографија и да покаже како го поминува времето, како готви во кујна, без комплекси да објави некоја фотографија без грам шминка или пак некоја ретро фотографија и да се потсети како изгледала некогаш.

Така беше и овојпат, кога македонската пејачката на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од периодот кога имала 18 години, кога била заљубена во сопругот Милан, до нејзиното преселување во Белград.

На фотографиите, Тијана изгледа поразлично од сега, на некои од нив има и кратка црвена коса.

„Она кога го средуваш плакарот и ќе најдеш престари фотографии, па те удрат флешбекови. Ијаоооо … На првата слика имам едвај 18 години, тогаш бев модел, како и во втората (од истото шоу), третата е од познатиот фестивал на популарна музика „Макфест“ во ’99 година (во тоа време веќе бев голема и пеев ихахај). На третата слика, веќе сум вљубена во Милан и го гледам како теле во шарена врата (како и денес), а на последната слика веќе сум во Белград (почеток на ’00) и го крадам микрофонот на Леонтина. Ништо не се смени, како да не поминаа толку години … Сѐ уште сум млада и подготвена за нови предизвици. Кој знае, можеби утре повторно ќе бидам модел“, напиша Тијана во описот на старите фотографии.

Како ви се допаѓа како изгледала Дапчевиќ некогаш?

фото: printscreen/instgaram

To top