Радио Милева чудна жена беше вера

Ретко кој би и дал повеќе од 40 години: Славната дизајнерка ја гази осмата деценија и е чудо на природата (фото)

Ретко кој би и дал повеќе од 40 години: Славната дизајнерка ја гази осмата деценија и е чудо на природата (фото)

Американската модна дизајнерка Вера Ванг, која минатата година наполни 75 години, не престанува да ги воодушевува обожавателите со својот изглед. Неодамна, на доделувањето на наградите БАФТА во Лондон, таа се прошета на црвениот килим во дводелен фустан и ја покажа новата, кратка фризура.

Нејзиниот изглед ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. „Жената има 75 години. Немам зборови“, „Секогаш кога ќе се исплашам од стареењето, помислувам на Вера Ванг. Неверојатна е“, „Изгледа подобро од некои помлади жени“, беа дел од коментарите на X.

Нејзиниот младешки изглед често го фалат и нејзините следбеници на Инстаграм, кои се повеќе од 3 милиони. „Воопшто не старееш. Те молам, Боже, во следниот живот да се родам како Вера Ванг“, е само еден од коментарите под објавите на Вера.

Ванг ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед во интервју за „BBC 100 Women“ минатата година. Освен што смета дека „добриот сон злато вреди“, на крајот од денот се таа се чести себеси со коктел направен со вотка, кој го смета за магичен еликсир. Меѓутоа, таа не се двоуми ниту околу консумирањето брза храна.

„Купувам од Мекдоналдс, апсолутно. Нарачувам секој ден, околу две недели, а потоа ја менувам исхраната“, откри Вера во една прилика за „Page Six“. Таа исто така обожава и крофни исполнети со крем и шеќер.

Вели дека напорно работи на себе. „Во суштина, работев цел живот, така што всушност работата е виновна за тоа“, рече Ванг, истакнувајќи дека смета оти напорната работа ги одржува луѓето млади.

„Во светот на модата сум од својата 19 година. Никогаш не сум размислувала за својот изглед, веројатно затоа што секојдневно работам со најубавите жени на светот. Нив ги сметам за мои музи и можеби тоа е добар начин на соочување со стареењето. Затоа секогаш велев дека тајната е во коктелот со вотка“, изјави дизајнерката.

Вера на 23-годишна возраст стана најмладата модна уредничка и стилистка на магазинот „Vogue“. Таа беше на таа позиција 16 години, по што стана главен дизајнер за Ралф Лорен.

Нејзиниот бренд ја отвори својата прва продавница на авенијата Медисон во 1990 година, а Вера набргу стана една од омилените дизајнерки на венчаници во светот. Денес, покрај венчаници, нејзиниот бренд произведува и секојдневна облека, чевли, модни додатоци, па дури и кујнски садови.

фото:Instagram printscreen/verawanggang

To top