Радио Милева само едно е задолжително

Разголена позерка од охридските плажи: Од водителката Александра и не баш се очекувa нешто вакво

Разголена позерка од охридските плажи: Од водителката Александра и не баш се очекувa нешто вакво

Секогаш одмерна и со умерен ритам од се’она што прави, токму така можеме да ја опишеме ненаметливоста на ТВ водителката Александра Пановска Илиевска.

Ако од нејзините колешки редовно можеме секое лето да видиме мноштво разголени бикини фотографии, од Александра тоа не е случај или пак е многу ретко.

Овој пат, календарски се уште пролет, Александра за изненадување како летна увертира објави фотографии на кои покажа повеќе гола кожа. Опуштена и раскомотена позерка во бикини издание од охридските плажи, поточно од онаа на Св. Наум.

-Луѓето чекаат цела недела да дојде петок, цела година да дојде лето и цел живот за да се среќни, стои во описот на објавата.

Кај неа едно нешто никогаш не е повеќе и не е излишно.

Александра едно нешто прави повеќе од сите останати- кај неа доминира насмевката, секаде и секогаш, па токму тоа ја прави своја и единствена.

фото:Instagram printscreen/aleksandra_panovska_ilievska

To top