Домаќинката на популарното кулинарското шоу „Брза кујна“, Сања Савеска заедно со нејзината колешка, познатата ТВ водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска која веќе речиси деценија и пол успешно го води најгледаното шоу „Сѐ или нешто“ на ТВ Сител поради празничниот период славеа заедно од фирма во кафеана.
Така, изминатата ноќ во еден познат ноќен клуб во Скопје колешките заедно пееја и се веселеа, па воедно и позираа за „стори“ на Инстаграм.
По тој повод, Лила и Сања споделуваа фотографии на социјалните мрежи од забавата, на кои можеше да се забележи топлата празнична атмосфера.
Меѓу мноштвото објави кои ги споделија и на кои покажаа како изгледаат и што одлучиле да носат на прославата, најмногу внимание привлекоа со онаа каде водителките се снимиле додека весело танцуваат.
Двете со црвенo карминче насмеани и распеани на предновогодишната прослава дефинитивно одлично си поминале, како и секоја година кога колективно ја испраќаат старата.
фото: printscreen/instagram