Мегафон фестивали

Распишан конкурс за Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2024“

Распишан конкурс за Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2024“

31. издание на „Охрид фест“ на 30 и 31 август на добро познатата локација Долни Сарај во Охрид”. Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 31-ти пат распишува конкурс за нови композиции, кои ќе бидат изведени на 30 и 31 август 2024 година. Концептот и локацијата се добро познати на јавноста: на најубавата сцена на Балканот на Долни Сарај во Охрид ќе се случуваат двете вечери на фестивалот, Фолк и Интернационалната. Фолк- вечер ќе се одржи на 30 август и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори – од регионот и пошироко.

Интернационалната вечер е закажана за 31 август годинава. „Охрид фест“ целиот акцент го насочува на новите пејачки надежи: соочени со константен недостиг на млади пејачи, фестивалот дава голема подршка на дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 31-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во Фолк и во Интернационалната вечер.

Ова е извонредна шанса за промоција на дебитантите, бидејќи „Охрид фест“ го следат повеќе од 15 телевизии од Балканот што е извонредна можност за нивното промовирање. На истата сцена, во 1998 година Тоше Проески ја испеа „Усни на усни“ и го започна својот блескав музички пат.

Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2024“ се: * Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (Фолк, Интернационална); * Демо-снимката и текстот треба да се на македонски јазик; * Наслов на композицијата; * Композициите да не се изведувани; * Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт информации; *Демо-снимките треба да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара. На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството а рокот за поднесување на пријавите е до 1 јуни 2024 година. Своите композиции авторите треба да ги испратат на следната електронска адреса: [email protected]

To top