„Цело Скопје“, „Џумбус“, „Не можам да те заборавам“, „Добро утро Македонијо“, наслови на песни кои речиси да нема некој Македонец што не ги знае, како и тоа дека се на фолк кралицата Благица Павловска.
Времињата се менуваат, годините нависнуваат, но Благица остана како една од најпознатите пејачки на фолк сцената без чии песни не поминува ниедна прослава.
Благица иако е во седмата животна деценија, таа никогаш не направила отстапки од музиката, а на фестивалите речиси е редовна учесничка, макар и ревијално.
Социјалните мрежи не и се силна страна, но затоа има Фејсбук профил каде редовно објавува апели за помош на бездомни животни на кои таа редовно им помага.
Меѓу многуте такви објави понекогаш знае да се најде и по некоја од настап на некоја прослава каде била ангажирана, а овој пат се најде една таква, но ретро.
Спомените ја навјаваа Благица и тоа од времето кога имала 40 години.
Препознатлива по бујното деколте и раскошните облини, Благица секогаш важела за секс симбол и атракција во природно пакување, сосема различно од она на денешните помлади колешки.
„Мојот 40 роденден во убавите времиња“, стои во опис на фотографиите.
Спомените остануваат, искуствата се раскажуваат и сведочат за времињата кои особено за Благица немаат заборав.
фото: facebook/ Blagica Pavlovska