Медиумите веќе со месеци бомбардираат со објави дека пејачката Рада Манојловиќ е во врска со извесен Владо, кој е и нејзин возач. Пејачката досега ниту потврди ниту демантираше дека влегла во нова романса, но неодамна отворено проговори за бракот.
Рада признава дека сака да се оствари во улогата на мајка, но како што вели претходно дека сака да заврши уште неколку работи во врска со нејзината кариера.
„Вистинската свадба сигурно ќе се случи, зошто да не се случи?! Тоа морам да го договорам со сестра ми Маја, за да ја закаже свадбата меѓу настапите. Кога ќе излезе албумот, мислам дека е време да направам концерт, да се омажам, да родам дете и да заминам некаде, да ме нема и никој да не ме вика. Имам многу љубов во себе, па се отворив за некои нови љубови“ – изјави Рада за Блиц.
Да потсетиме, некои медиуми неодамна пишуваа дека таа е во врска со оженет маж, а таа проговори за тоа и ги демантираше овие наводи.
Пејачката на пишувањето дека на оженетиот му го растурила бракот одговори така што на својот Инстаграм профил напиша дека тоа е апсолутна лага.
Фото: Инстаграм/radamanojlovic