Мегафон урбана култура

Прво издание на „АЈДЕ“ фестивал

Прво издание на „АЈДЕ“ фестивал

Денес со почеток во 18:00 часот, бидете дел од првото издание на АЈДЕ ФЕСТИВАЛ. Во паркчето Васко Карангелески во населбата Аеродром не очекува богата музичка програма и едукација, како и поврзување со голем број на компании.

Фестивалот е креиран да ја надополни големата потреба за урбана културна манифестација во Општина Аеродром.

Една од главните цели е едукативниот карактер на фестивалот, вклучувајќи високо образовна институција – Хајделберг Факултет, промоција на компании и нивна презентација кон потенцијалните идни кадри.

Секако вклучена е и Општина Аеродром со која заедно ја интегрираме и надополнуваме културната понуда на општината.

Настанот ќе има и хуманитарна димензија со поставување на кутии за донации кон лица со посебни потреби од Општина Аеродром.На музичкиот дел од фестивалот ќе настапат:

  • DJ Тина
  • Blackhole Band
  • Рокенрол концерт на музичкото училиште MusicLab
  • Иван Ајнштајн
  • Пајак
  • DJ Гоце (САФ)
To top