На 15-от Фестивал на дувачки оркестри во Пехчево, Данијела Веселиновиќ и нејзиниот оркестар ѝ приредија на публиката концерт за паметење. Ноќ полна со енергија, емоции и музика што ги брише границите.
View this post on Instagram
Публиката, собрана на централниот градски плоштад уживаше во препознатливиот звук на српската труба, но и во изведбата на популарните македонски песни што беа испеани едногласно.
Репертоарот на вечерта беше внимателно одбран – комбинација од традиционално и современо, познато и изненадувачко.
Данијела, позната како прва дама на српската труба, блесна и музички и на сцената, со импресивен стил што ја следи нејзината единствена енергија, додека заедно со своите талентирани момци од оркестарот, успеа да ја крене публиката на нозе и да подготви вечер за која долго ќе се зборува.
Фото и видео: Инстаграм/irenaspirovska/danijelaveselinovic.official







