За да го направите ова слатко задоволство ви требаат многу малку состојки и уште помалку време. Овој вкусен десерт е одличен за секое време од годината.
Состојки:
1 чаша ориз
2 чаши вода
300 мл млеко од соја
3 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
200 гр протеински пудинг од ванила
1 шака ореви
Подготовка:
Измијте го оризот и варете го на тивок оган. Додадете млеко од соја, па варете уште малку. Потоа додадете го протеинскиот пудинг и мешајте додека смесата не се соедини. Потоа чекате сето тоа да се згусне, почекајте малку да се излади и потоа додадете јаткасти плодови и уживајте во вашата здрава бонбона.
Извор: Курир