Принцот Вилијам беше домаќин на традиционалната забава одржана во градините на Бакингемската палата овој вторник, а фотографите го фатија во добро расположение.
Вилијам на забавата присуствувал без сопругата Кејт која се опоравува од рак, а на забавата ја задржал насмевката на лицето.
Како и Кејт и кралот Чарлс се лекува од рак и не присуствуваше на забавата.
Да потсетиме, Кејт последен пат беше видена во јавноста минатиот Божиќ, а нејзиното ненадејно исчезнување од јавноста, како и тајноста околу нејзината здравствена состојба, ја вознемири јавноста. Во март таа објави дека има рак, а оттогаш принцот Вилијам сам ги извршува кралските должности.
Повеќе фотографии од забавата можете да погледнете тука.
фото: printskrin/instgaram/princeandprincessofwales