Ако мислите дека пријателството помеѓу маж и жена е невозможно – не сте единствени. Не сте единствени и ако го мислите спротивното. Многу парови сметаат дека по љубовна врска е сосема нормално и сосема можно да се воспостави однос заснован на пријателство.
Навистина, тоа ретко се случува, баш затоа што љубовта никогаш не завршува кога двајцата партнери се рамнодушни, туку кога еден од нив е оставен и повреден.
Дружењето кое би можело да произлезе од сето тоа секогаш го иницира оној што престанал да сака. Сепак, тоа не значи дека пријателство помеѓу бившите љубовници не може да постои.
Може, но е потребно време работите да се доведат во ред, пред сè партнерите да се ослободат од сите емоции. Кога ќе се случи тоа, дружењето треба да се прифати баш како вистинско пријателство и да се заборават некогашните интимни моменти.
Тоа значи дека нема телефонски повици во доцните часови, ниту повици за помош… сега за тоа постојат пријатели роднини, а не вашата бивша љубов.
Пријателски бакнежи во образ… отпаѓаат, барем додека не се воспостави сигурна емотивна дистанца. За галење од секаков вид и да не зборуваме.
Воопшто земено, доколку се определите за пријателство со својот поранешен партнер, потрудете се да го гледате само она што сте го сакале кај нив, независно од сексуалната желба што сте ја чувствувале.
Какво е вашето искуство? Може ли да постои пријателство после прекинувањето на врската?
Извор: Попара