Сопругата на фолк пејачот Слоба Радановиќ, Јелена, често привлекува внимание кон себе со објави на социјалните мрежи.
Таа е многу активна на социјалните мрежи и секојдневно се огласува, а сега на интернет се појавија и нејзини фотографии од минатото.
Сега на мрежата „Х“ се појави објава во која се тврди дека Јелена наводно сакала да биде „позната“ уште пред врската со Радановиќ:
„Јеја пред 11 години, без естетски корекции и силикони. Таа одамна има желба да стане јавна личност и дел од естрадата“ – пишува во објавата на социјалната мрежа.
Имено, во видеото кое беше објавено, а тоа е видео наод пред повеќе од 10 години, се работи за Јелена. Таа имаше улога да ја глуми девојката со која пејачката ја изневерил дечкото во песната.
фото: printscreen/instagram/YouTube