Атрактивната албанска пејачка со скопска адреса на живеење, Аделина Тахири важи една од оние која живее раскошен живот. Луксузот во секој сегмент и е лесно достапен, па речиси се’ што ќе посака и е на дофат на рака. Од скапа брендирана гардероба, обувки, парфеми, козмекитика, накит, разни аксесоари, до луксузни автомобили и патувања на најегзотичните светски дестинации. Се’ има, па се може – што би се рекло, а кога веќе се може, само прашање на избор е каде е следното светско одредиште за луксузно уживање.
Верскиот празник Рамазан – Бајрам пејачката и нејзиниот сопруг Серјожа и синчето Јон решија да го искористат за патување во „волшебниот дијамант“ на Блискиот Исток, магичниот Дубаи.
Градот од соништата во кој за пари може да се најде и од „пиле млеко“ беше примамлив за Аделина да ги наполни батериите, душата и веројатно својот куфер, а потоа и дополни домашниот гардеробер.
И се’ одеше како подмачкано, како по протокол од бајка се’ додека не се случи нешто непредвидено што на Дубаи му „расплака мајка“. Нешто што жителите не паметат дека виделе во животот, а е вистинска реткост за локацијата на која овој чудесен град се наоѓа – среде пустина.
Градот го обзема невидено невеме, вистинска орканска бура, која донесе тајфунски ветришта и поројни дождови, кои за само неколку десетици минути донесоа невидени поплави. Дубаи буквално беше претворен во едно големо езеро, зашто за час беа поплавени и трговски центри, молови, хотели и продавници, додека реки вода течеа низ неговите булевари и улици!
Автомобили буквално пливаа како чунови, луѓето бегаа и се криеја спасувајќи глава, а „дијамнтот на Истокот“ беше речиси проголтан од големата, дотогаш невидена поплава!
Situation of Dubai looks scary.. pic.twitter.com/GMzpWu1Dyx
— Mr Sinha (Modi’s family) (@MrSinha_) April 17, 2024
Во големо езеро беше претворен и меѓународниот аеродром, а сите летови откажани, па илјадници туристи и граѓани, беа принудени да бидат евакуирани и да чекаат, страшниот кијамет да помине!
„Ова е моменталната ситуација! Се враќаме во Дубаи!“ – споделила на една од последните фотографии од големиот аеродромски метеж пејачката на која нејзе и на нејзиното семејство празничниот одмор „им излезе низ нос“! Аделина Тахири со сопругот и синот празнично заминаа за Дубаи, ама овој излет ќе го памтат, зашто оттаму се’ уште никако да се вратат!
Фото: Инстаграм/adelina_tahiri1/
Видео: Х/Mr Sinha (Modi’s family)