Kомпозиторoт, хармоникаш маестро Гоце Џуклески, го збогати својот обимен творечки опус со уште еден албум, односно компакт диск со наслов „Македонски ора“, чиј издавач е „Сенатор рекордс“ од Битола.
Ова ЦД е 23-то авторско музичко дело на почитуваниот и ценет музички уметник Џуклески. На овој проект се работеше последните две години.
Компактниот диск содржи десет композиции. Материјалот го снимле Славко Ристески и Љупчо Соколовски – Бубе, а гости на албумот се: Милан Завков, Сашо Ливрински, Дамир Имери, Славко Ристески, Кирил Белистојаноски, Мухамед Бајрам и Кире Иваноски – Мената.
Како избор од новиот албум кој истиот го најавува е композицијата „Завково оро“.
Македонски фолк инструментал посветена на доајенот на македонската музика, хармоникаш, автор и композитор, прерано починатиот Милан Завков.