Актерската двојка Емра Куртишова и сопругот Петар Стојанов второ лето по ред се во проширен состав.
Наследничката Лена денот им го прави најубав и најрозов, а летните вибрации дополнително прават среќните родители да живеат убави и исполнети мигови вредни за спомени кои ќе траат засекогаш.

Уште откако станаа родители, Емра или попозната како Исаура од хит серијата „Преспав“, како и нејзиниот сопруг Петар, редовно ја покажуваат својата семејна идила, овој пат од море.

Тие ја избраа Парга во Грција од каде мама Емра објави серија фотографии со најубавото друштво – нејзините Лена и Петар.

Згодна и насмеана во црно монокини, актерката зрачи од убавина, а со наследничката до себе, Емра е уште повпечатлива згодна мама на плажа.

Деновите од летните одмори на сите ни минуваат брзо, а потоа остануваат да сведочат фотографиите кои овој пат од семејството Стојановски ги видовме јавно.
фото:Instagram printscreen/emra.kurtishova




