Минатата недела, најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ во Бугарија одигра егзибициски хуманитарен меч со бугарскиот тенисер и негов довбар пријател Григор Димитров, а за забавата која што следувала потоа, сè уште се зборува и пишува како во српските, така и во бугарските медиуми.
Имено, во чест на Ноле вечерта по мечот била организирана забава во еден елитен ноќен клуб во Софија, каде што присуствувал и градоначалникот на бугарската престолнина.
Ноле беше главен лик во фотографиите и видеата што потоа се споделуваа на социјалните мрежи, а на нив се гледа како тој се забавува за време на изведбата на познатата рускоса пејачка Камелија, која дури и на увце му пеела голем број и бугарски, но и српски хитови.
Еуфоријата доживеала своевидно крешчендо кога цицлестата фолк ѕвезда ја запеала песната „Луда по тебе“ која беше искористена во филмот „Јужни ветар“ со Милош Биковиќ. Овој голем хит е всушност преревод на текстот од песната „Луда за тобом“ на Лепа Брена, а музиката е од грчки композитор.
View this post on Instagram
Наводно, ваквото задоволство светскиот рекет број еден наводно го чинело „десет илјадарчиња“, во евра секако!
View this post on Instagram
Сите медиуми и социјални мрежи во Бугарија експлодираа по настапот на русокосата фурија, која не губеше време да ја искористи бесплатната реклама и ја крена својата цена за настап на околу 5.000 лева.
Менаџерот на Камелија до вчера бараше 3.500 лева за еден час пеење, сега хонорарот скокна за илјада и пол евра, дознава Lupa.bg од своите извори. патем, само во неколку часа по настапот пред Ноле, пејачката добила преку 30 понуди за настап.
Претходно Камелија падна многу со цената, особено откако ги намали појавувањата додека го растеше своето со децении очекувано бебе, Бајан, кое сега има една и пол година. Сепак, таа направи генијален потег пеејќи за Ѓоковиќ, правејќи си таква реклама за себе на негов грб, па сега интересот за неа повторно е огромен, како во нејзините најславни денови, пишува бугарскиот портал Факти.бг!
Инаку Камелија е позната по своите разголени фотографии и фотосесии, а двапати позирала и за бугарското издание на магазинот „Плејбој“ – во 2006-та и 2008-ма година.
Настапувала и надвор од Бугарија, меѓудругото и кај нас во Македонија, во повеќе познати ноќни клубови и локали на истокот.
Фото: Инстаграм/sportalrs/kamelia_official