Мегафон детски фестивал

„Поточиња“ викендов седум пати ја наполнија Македонска филхармонија

„Поточиња“ викендов седум пати ја наполнија Македонска филхармонија

Новото издание на детскиот фестивал Поточиња кое се одржа викендов во Македонска Филхармонија привлече огромен интерес и дури седум фестивалски
претстави беа потребни за да ги собере сите заинтересирани деца да ги чујат новите детски песни изведени на фестивалот. Публиката не само од Скопје, туку и од цела Македонија ја исполни Филхармонија дури седум пати со детски џагор, радост и многу насмевки.

Речиси 6 500 посетители во двата фестивалски дена веќе на првите тактови на популарната химна на фестивалот ги пречекаа учесниците со аплауз и еуфорија.
“Популарниот водител – маскотата Поки (актерот Мартин Јорданоски) на маестрален начин ги водеше децата низ фестивалска приказна, а овациите и
задоволството не престанаа до самиот крај на фестивалскиот репертоар. Новите 15 песни ги опфатија сите сегменти од детскиот свет и со својата мелодичност истилска разноликост приредија голема забава за сечиј детски вкус. Секоја песна на големиот лед екран во форма на брод имаше анимирано видео со испишан текст што привлече големо внимание кај публиката.

Поточиња 2024 уште еднаш потврди дека фестивалот со право го носи епитетот најреномиран детски фестивал во државата и дека со секое ново издание се повеќе ја збогатува музичката ризницата на македонски хитови за деца.

На самиот крај со импресивна сценска кореографија беше изведена песната “Македонија да ја чуваме” која со својата моќна порака не потсети колку е убава и сакана нашата татковина.

Автор на музиката и аранжманот е реномираниот композитор Мирослав Пап, а стиховите ги напишал Оливер Пап, кои воедно се и организатори на овој реномиран детски фестивал. Песничката е снимена во студио Пап, а е во вокална изведба на Луна Ѓоргиевска. За песната е изработено и анимирано видео кое го потпишуваat  2By4Digital.

 

To top