Живот и стил

Посни вафли

Посни вафли

Состојки:

700 грама брашно
1,5 кафена лажичка сол
100 грама потпечен сусам
1/4 кафена лажичка куркума
0,5 литри пиво
250-300 милилитри масло

Подготовка:

Првин потпечете го сусамот и малку да се олади.

Потоа, горенаведените состојки соединети ги во подлабок сад, и месете за да добиете хомогена смеса.

Откако ќе го вклучувате апаратот за вафли да загрее, потоа се полнат калапите, го затворате апаратот и печете 4 минути.

Превкусни!

фото: Free Pick

To top