На летната магија и доаѓа крајот, а познатите полека се поздравуваат со луксузните морски дестинации.
По тој повод, на социјалната мрежа Инстаграм се огласи и македонската Лото девојка и инфлунсерка Марјана Станојковска.

Таа сега сподели провокативно видео пред следбениците и им го привлече вниманието откако фокусот овој пат го стави на себе.

Последните летни денови таа ги користи за релаксација во базенот, па позираше во летно издание додека излегува од водата, полна со самодоверба.
Сепак, додаде хаштаг #летотосѐуштенеезавршено#.
View this post on Instagram
Марјана тренира редовно и се храни здраво со години, што е очигледно.
Таа сега позираше во секси бикини, па нејзините извајани нозе и рамниот стомак, како и нејзините гради, беа во преден план.
Нејзината фигура многумина ги остави без здив, а следбениците и оставија единствено само комплименти: „Не знам на кој дел од телото попрво да дадам комплимент“ гласеше еден од коментарите кои ги доби на сметка на изгледот.
Инаку, Марјана важи за една од најубавите жени во Македонија, а телото ѝ изгледа како милион.

Foto: print Screen/instаgram/marjanamay







