Срцев удар најверојатно е причината за смррта на турскиот музичар Метин Демен (59) кој својот живот го заврши на сцената додека пеел во хотел во Истанбул.
Пејачот паднал во текот на концертот, а присутните веднаш притрчале да му помогнат, но, за жал, не можеле да го спасат.
Менаџерот на пејачот откри дека причина за смртта е срцев удар.
View this post on Instagram
Пријателка на пејачот која била на неговиот последен настап вели:
-Замина со насмевка. Така рече неговиот менаџер. Беше многу весел. Неговото семејство е во Измир, а во Истанбул немаше никој. Пред неколку години ја загуби мајка си, што исто така му беше тешко. Со менаџерот дошол на работа насмеан и весел. Во еден момент му се слошило на сцената. По 20 минути на сцената, тој отиде зад сцената и ја соблекол кошулата. Потоа рекол дека му трне раката. Потоа го прегледале, по што им рекол: „Дајте ми кошула, добро сум“. Се вратил на сцената, но набрзо повторно паднал“, рекла таа
View this post on Instagram
Метин ја започнал својата кариера во Истанбул како асистент режисер во агенцијата на Осман Устундаг. Еден од кратките филмови на кои работел добил Златен лав на Канскиот филмски фестивал. Накратко заминал во Америка, каде студирал рекламирање на Универзитетот во Чикаго. По враќањето во Турција, тој работел во екипата која снимала музички спотови за Таркан.
фото:Instagram printscreen/ metinarolat