Радио Милева тешки денови

Поранешната водителка на „Гранд“ била физички злоставувана од сопругот, го изгуби бебето, па се повлече од јавноста (фото)

Поранешната водителка на „Гранд“ била физички злоставувана од сопругот, го изгуби бебето, па се повлече од јавноста (фото)

Љубинка Буба Добросављев порано беше позната српска водителка која привлекуваше внимание со својата атрактивност. Сепак, Љубинка реши да ја напушти медиумската кариера за да се посвети на страстите и личното задоволство. Пред повеќе од десет години таа помина низ исклучително тешки животни предизвици.

Како што објавија тогаш српските медиуми, а како што подоцна водителката зборуваше за себе, таа била претепана од сопругот, по што го изгубила бебето.

– Ме претепа. Бев четврти месец бремена. Јас преживеав, но бебето не. Ме турна, паднав на стомак. Ме удри по глава. Имав излив. Се плашам да зборувам за тоа… Почна да ме дави. Ми остана без воздух. Последно на што се сеќавам се зборовите: „Ќе те убијам, ќе те распарчам!“. Тој во еден момент се освестил и побегнал од станот. Страшно се плашев за сопствениот живот, ја повикав сестра ми да дојде да ме земе. И сега се плашам, но не сакам повеќе да молчам – изјави тогаш водителката за Пулс.

По се што помина, таа се повлече од малите екрани, а во меѓувреме објави книга, но и го најде своето место во уметноста. Љубинка Буба Добросављев беше заштитно лице на Гранд, но поради честите лапсуси, директорот на таа Саша Поповиќ мораше да и се заблагодари за соработката.

Љубинка заедно со Владо Станојевиќ го водеше музички натпревар „Ѕвезде Гранда“. Публиката ја обожаваше, гледаше благонаклонето на ситните грешки, но кога таа направи страшна грешка во последната вечер во белградската Арена, Поповиќ веднаш ја отпушти.

фото:You Tube printscreen/ Zvezde Granda

To top