Радио Милева приказна која трае и трае...

Поминаа цели 17 години од можеби најтешкиот период полн предизвици за Милена Антовска, а денес на истото има само една реакција

Поминаа цели 17 години од можеби најтешкиот период полн предизвици за Милена Антовска, а денес на истото има само една реакција

Познатата македонска ТВ водителка од утринската емисија „Здраво Македонијо“, Милена Антовска – Станковска секогаш умее на нејзините следбеници да им создаде пријатна атмосфера.

Не за џабе јавноста ја вика Милена – утринска, зашто години наназад таа остана пред камерите на истата телевизија и на истата програма.

Сепак, почетоците на Милена која по вокација е дипломиран новинар, не почнуваат пред камерите, туку во информативната редакција на телевизијата каде работи и денес.

Месец март пред цели 17 години е периодот кога таа по дипломирањето ја започнува својата новинарска кариера, за нешто подоцна да стане и водителка.

Овој месец март таа се сеќава на новинарските денови и првиот прилог кој го направила.

-Првиот мој прилог го направив денес и многу сум среќна, напишала тогаш, а денес на истото со радост се навраќа.

Период на почетоци за се’ знае да биде тежок и полн со предизвици, а на истиот денес Милена со задоволство се сеќава низ насмевка.

Перманентноста во македонските медиуми е доста тешка, а тоа им е доста добро познато на медиумските работници. Но постојат и исклучоци за кои среќата и околностите се на иста страна.

Таков е примерот на Милена за која телевизиската магија трае и трае…

Сега искусна водителка, реализирана сопруга и мајка, која во иднина ќе им раскажува на своите наследничи за своите професионални искуства, а кој знае, можеби и Лана Марија или Јоана ќе бидат освоени од истата магија и ќе тргне по стапките на мама.

фото: Facebook/ Milena Antovska Stankovska

To top