Поранешната ТВ водителка Мелита Ракиќевиќ отсекогаш била интересна фигура, независно дали се занимава со јавна работа или не. За неа денес сосема доволни се социјалните мрежи за да доминира, а бројот на следбеници постојано да и се зголемува.
Денес Мелита има речиси 40 илјади следбеници кои секогаш се „гладни“ за нешто повеќе од неа, а таа пак е неуморна со своите објави од тренсетерскиот живот кој и е секојдневие.

Разголувањето за Мелита воопшто не е некоја новина, но овој пат таа пред очите на виртуелните пријатели и обожаватели понуди едно поинакво разголување, онакво за кое жените не ретко говорат или го споделуваат.
Мелита направи преседан од комуникацијата со следбениците, односно виртуелното интервју кое тие и го направија, а во истото меѓу многуте прашања стоеше и она за тоа колку е висока, колку тежи и колку тетоважи има? Ова прашање од нејзина страна не беше заобиколено, туку веднаш одговорено:
-Висока сум 168 см и имам 52 килограми сега. Тетоважи 11 имам- напиша таа.

Следеше и уште една несекојдневна објава, па така ако Мелита секогаш ја гледаме средена од глава до петици, оние љубопитните сакаа да ја видат и во едно сосема поинакво, домашно издание, во случајот додека чисти.
-Слика без ништо, додека чистам, мислејќи дека нема шминка, филтри, и тип-топ стајлинг.

Токму кога би помислиле дека од Мелита Ракиќевиќ веќе се’ е видено, таа извади нешто поинакво, разголување кое цели кон едноставното и она што ретко се покажува и за кое се зборува, а најчесто е скриено и интересно за другите.
фото:Instagram printscreen/melitameli




