Радио Милева „распеана кралица“...

Погодете што била во претходниот живот Ведрана Ѓорѓевиќ… или барем така таа си мисли и тоа го посакува? (ВИДЕО)

Погодете што била во претходниот живот Ведрана Ѓорѓевиќ…  или барем така таа си мисли и тоа го посакува? (ВИДЕО)

Доскорешната ТВ водителка Ведрана Ѓорѓевиќ откако „се симна“ од „Златниот тепих“ реши да се преобрази во влијателна инфлуенсерка која  со своето момче Андрија отворија еден вид маркетинг агенција, преку која ги реализираат рекламните проекти  и ивенти за разни клиенти!

Во меѓувреме по прошетката на неколку егзотични дестинации, Ведрана се врати во Скопје. Ведра, расположена, насмеана, распеана… Како и не би била,  кога во животот и цути на сите полиња. И во љубовта и во бизнисот. Токму затоа и со песна оди и на средба со момчето и „да брка работа“. Поточно, оди со автомобилот, а песната е само пропратна декорација како огледало на нејзиното расположение. Впрочем, кој пее, зло не мисли, нели, па така си мисли и Ведрана, арно ама… Не ќе да е баш така. Зашто кој пее, најпрвин треба  тоа да го умее.

 

Седната во возачкото седиште зад воланот,  распената убавица како „разиграна кралица“… Така до душа се вика познатиот хит на легендарните „АББА“ – „Dancing queen“, кој Ведрана се обиде да си го запее, па излезе дека само си го потпевнува.

До душа, желбата била голема, но пејачката дарба сепак… од Бога е дадена. А, кога не е… тешко се пее! Освен онака, за своја душа… кога никој не те слуша! Ама затоа некој те снима! Или се снимала самата, сеедно, па Ведрана реши да си направи шега на своја сметка прашувајќи се и себе си и другите:

„Во претходниот живот сум била пејачка… или можеби не?“ – прашање е сега. Одоговорот заклучете го сами, според  проценката на нејзините вокални квалитети! Иако… „Кој пее зло не мисли“, ама…  Кој умее да мисли, не му е до песна! Затоа, водителка или модел, многу повеќе му прилегаат на ваков стас.

За пејачка… сепак треба и малку глас! Освен, како што рековме, ако не пееш онака, за своја душа… кога никој не те слуша!

Во автомобилот, под тушот или во када, „сите сме родени“ за на естрада!?

Фото: Инстаграм/vedrana_edrana

To top