Позитивна, харизматична, оригинална и со енергија која зрачи со посебна автентичност, се’ тоа го има лично и персонално познатата Тијана Дапчевиќ. А каковов си ти и каква ти е енергијата, таков ти е и домот.
Жените се оние кои најчесто одлучуваат и се задолжени за уредувањето, па во голем дел и одржувањето, а баш онаква каква што е таа, таков е и нејзиниот дом во Белград кој Тијана понекогаш знае да го покаже преку социјалните мрежи.
Овој пат немаше намера за тоа, но имаше повод, па можевме да ѕирнеме каков е домашниот рај на семејството Дапчевиќ
Поводот поради кој имавме прилика да ѕирнеме беше роденденот на миленикот, кучето Баџа кој беше почестен со кучешка торта за неговиот 7-ми роденден.
Прилика да го видиме уредувањето на нејзиниот дом, односно дневниот простор и трепезарискиот дел, а од приложеното може да се заклучи дека Тијана и нејзините сакани, преферираат впечатливи детали и модерни елементи.
Многу фотографии во рамки ставени да го красат каминот, голема полица со книги, рустични и топли бои во комбинација со бело.
Се’ на се’ префинето, модерно и посебно, баш каква што е таа!
фото:Instagram printscreen/ tijana.dapcevic