Веста дека Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ се разведуваат по речиси 25 години љубов е главна вест на естрадата, која сега ја коментираше и нејзината колешка Снежана Ѓуришиќ.
Како што истакна Снежана, таа е многу блиска со Драгана, но „се води по мотото дека добар развод е секогаш подобар од лош брак“.
– Многу ја сакам, да. Не би коментирала за туѓиот приватен живот, а можам само да кажам дека моето мото е, секогаш е подобро да имаш добар развод отколку лош брак – рече таа и додаде:
– Таа најдобро знае и нејзиниот сопруг, што и како и зошто… Оставете им го тоа. Ако е лесно, веројатно не е лесно затоа што се заедно долги години, но добро, тоа е се’ приватен живот. Им посакувам многу среќа и сила и на двајцата – кратко изјави Снежана за „Гранд“. Потоа ја коментираше приказната на Карлеуша упатена до Драгана и Тони, а на прашањето дали мисли дека мажите повеќе не се исти како порано, таа рече:
– Се согласувам, се се смени. Малку сум тажна поради сето ова, што ни е дадено сè, секогаш ни е дадена најдобрата можна опција, а ние се држиме до најлошото – рече таа.
Фото: printskrin/instagram/snezana.djurisic_