Почина дваесет и едногодишниот фудбалер Виктор Боневски, кој се бореше со малигна неоплазма на абдоменот.
Нему претходно му беше извршен оперативен зафат , но за жал ја загуби битката со болеста. На социјалните мрежи тажната вест ја сподели неговиот брат Даниел.

Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините и сите блиски. Нека споменот за Виктор остане засекогаш меѓу нас, а неговата добрина и спортски дух да бидат пример за идните генерации. Нека почива во мир“, стои во објавата на фудбалската академија.
На Виктор претходно му беше извршен оперативен зафат , но за жал ја загуби битката со болеста. Неговата фудбалска кариера беше прекината во повеќе наврати, по дијагностицирање на рак на тестиси, рак на абдомен и неколку други органи.
Парите за лекувањето беа собирани преку процес на донации, во кој беа вклучени бројни граѓани, јавни личности, меѓу кои и групата ДНК

„Денеска се сретнавме со Виктор Боневски, убаво и чисто дете кој има само 19 години и бил перспективен спортист/фудбалер но еден ден по дознавање на неговата дијагноза (Канцер) одеднаш целиот свет му се срушил , но затоа ние сме тука заеднички со сите вас повторно да му го изградиме истиот и да го гледаме што побрзо на фудбалските терени.
Ова дефинитивно е неговата најбитна „утакмица” за која сме уверени дека ќе излезе како победник 💪🏻
За итно лечење во болницата ЛИВ во Турција се потребни повеќе од 100.000 евра. Ние дониравме онолку колку бевме во можност па од срце ве замолуваме да донирате и да помогнете кој колку можете“, напишаа од ДНК на социјалните мрежи пред 2 години.
foto: facebook





