Поранешниот басист на легендарната група Blondie, Фред Смит, почина на 77-годишна возраст беше објавено во саботата, а музичката заедница и обожавателите ширум светот ѝ оддаваат почит на една од иконите на рокенролот.
Смит, кој починал во четвртокот, беше еден од основачите на Blondie заедно со Деби Хари, но својата репутација ја прошири и работејќи во бендот Television, што остави неизбришлив белег на њујоршката панк и арт-рок сцена.
Неговиот долгогодишен соработник и гитарист, Џими Рип, се збогуваше со Смит во емотивна порака на Instagram:

„Последните години тој водеше долга и тешка битка со болеста, но секогаш гледаше напред, кон нови проекти… Имавме големи планови да ја свириме музиката на Том во живо оваа година… Но, едноставно не беше судено да биде“,
Фред Смит беше оригиналниот басист на бендот Angel and the Snake, кој подоцна го смени своето име во Blondie. Тој остана во бендот од неговото основање во 1974 година, а потоа тргна по нов пат со тоа што се приклучи на групата Television.
Во двете групи остави силен белег како автор и изведувач, станувајќи еден од централните музичари на њујоршката сцена од тој период.
Во друго проштално обраќање, неговиот колега од Television, исто така по име Џими, напиша: „Многу тажно збогување со легендарниот басист и мој драг пријател 46 години. Ќе ми недостигаш повеќе отколку што зборовите можат да опишат“.
Смртта на Фред Смит означува крај на една важна ера во рокенролот, но неговата музика и влијание ќе живеат со генерациите што доаѓаат.
фото:Instagram printscreen/jimmyrip







