Легендата на француската и светската кинематографија, прославениот француски актер Ален Делон почина денеска на 88-годишна возраст на својот имот во Диши во централна Франција.
„Почина големиот ѕвер која истовремено фасцинираше и делеше: кино икона, францускиот актер Ален Делон, почина на 88-годишна возраст“, објавија неговите три деца во заедничката изјава за АФП .
Ален Делон доживеа мозочен удар во 2019 година, а потоа се разболе од рак.
Својот прв филм „Роко и неговите браќа“ го сними во 1957 година, а за време на плодната кариера се појави во повеќе од 100 филмови, од кои најпознати се „Господарка на играта“, „Гепард“, „Мелодии од подрумот“, „Самурај“, „Затемнување“ и „Непобедено“.
Неговите актерски способности го направија препознатлив и уникатен филмски лик .
Делон се прослави во 1960-тите, снимајќи со најпознатите европски режисери. Ги освојуваше срцата на милиони фанови без разлика дали глумеше убиец, гангстер или насилник. Во Јапонија го обожаваа и мажи и жени, но не успеа значајно да се пробие во Холивуд.
Делон беше бизнисмен исто колку и актер. Рекламираше козметика и инвестираше во коњички трки со своите сомнителни пријатели. Ваквите негови врски особено избија во прв план откако неговиот поранешен телохранител Стеван Марковиќ беше пронајден мртов во вреќа на депонија, со куршум во главата. Делон беше испрашуван од полицијата, која не го доведе во врска со ова убиство, но „аферата Марковиќ“ се претвори во национален скандал. За убиството беше обвинет, а потоа и ослободен Франсоа Меркантони, пријател на Делон и познат лик во француското подземје.
Добитник е на бројни француски и меѓународни филмски награди и признанија, а во 2005 година ја доби и највисоката француска награда Легија на честа.
Фото: Screenshot / Youtube/Instagram/alain.delon.4ever