Жанет Фарао, британска танчерка и уметничка директорка на познатото кабаре „Moulin Rouge“ или „Црвената мелница“ во Париз, почина денеска по тешко боледување.
Раководството на објектот ја потврди тажната вест за француските медиуми.
„Таа откри, обучи и поддржа илјадници млади уметници донесени од целиот свет, пренесувајќи им ја својата љубов кон танцот. Нејзината уметничка визија ја одбележа историјата на ‘Мулен руж’ преку грандиозни настани во коишто учествуваа нејзините уметници“, се вели во соопштението на кабарето.
View this post on Instagram
Жанет Фарао (65) организираше ревии во, можеби, најпознатото кабаре во светот од 1997 година. Својата кариера ја почна во „Лидо“, пред да ѝ се приклучи на трупата на „Мулен руж“ во 1980 година. Во 90-тите таа ја наследи Дорис Хог како уметничка директорка.
фото: Instagram / moulinrougeofficiel