Радио Милева тага

По повеќе од деценија заедно Јелена Розга се прости од своето „златно момче“

По повеќе од деценија заедно Јелена Розга се прости од своето „златно момче“

Пејачката Јелена Розга сподели тажната вест со своите следбеници на социјалните мрежи. Таа ги извести дека ѝ угинал саканиот миленик, кучето Ринго Стар, со кое поминала повеќе од една деценија.

Од него се прости со трогателни зборови и фотографии од нивните заеднички моменти.

„Златно мое момче… Таа студена зима во 2012 година во Сплит отидов да изберам кученце, но ти во таа кошница со своите браќа и сестри беше најупорен и скокна во моите раце. Ти мене ме избра, мој Рингиќу. Ми го промени животот, го збогати и секогаш ме пречекуваше радосен, мавташе со опашчето и ми даваше љубов и безброј бакнежи…“, напиша Розга.

Таа откри дека во последниот месец нејзиниот миленик водел тешка борба, но на крајот мирно заспал во својот дом.

„Заспа таму каде што најмногу сакаш – во својот дом, во моите прегратки, љубејќи ме… Моја најголема љубов, сега трчај весел… Јади што и да посакаш, најди добро друштво и биди добар дечко кон сите, како што те научив, но не заборавај дека секогаш и засекогаш си само мој. Ми недостигаш, ме боли од тага… Засекогаш си мојот прекрасен златен дечко. Те сакам, Р“, додаде таа.

Во коментарите, бројни следбеници ѝ упатија зборови на поддршка.

„Испраќам најголема можна прегратка“, „Љубовта што тие ти ја даваат е безусловна. Држи се“, „Ме расплака… Твојот златен дечко секогаш ќе биде во твоето срце“, пишуваа фановите, нагласувајќи дека Ринго имал најубав можен живот токму покрај неа.

фото:Facebook/Jelena Rozga

To top