Радио Милева штркот слета и на „Наш(иот) подиум“...

По повеќе од 20 години заедно со својот партнер, македонската ТВ водителка доби принова: Александра Јовановска- Сандрувка го доби синчето Лука

По повеќе од 20 години заедно со својот партнер, македонската ТВ водителка доби принова: Александра Јовановска- Сандрувка го доби синчето Лука

Познатата македонска ТВ новинарка и водителка, авторка на музичкиот магазин „Стисни плеј“  и „Наш подиум“ се породи и на свет донесе здраво машко чедо. Александра Јовановска вчера, понеделник 10-ти ноември 2025  доби синче, кое ќе го носи името Лука.

Иако бременоста ја криеше до последен момент од јавноста, сега радосната вест ја обзнани и самата на своите профиили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, на кои почнаа да се редат честитките за приновата.

Прва која и јавно и го честиташе доаѓањето на овој свет на малиот Лука, беше нејзината колешка од МТВ, водителкта аи пејачка Јана Бурческа – Бурче.

 

 

По неа се редеа и останатите честитки од најблиските, пријателите, колегите…

Среќниот татко и партнер на ТВ водителката со кој таа заедно живее повеќе од 22 години е  Ангел Здравковски, кој е исто така во музичкиот еснаф и е познат како ДЈ и музички продуцент.

Како ДЈ тој има и  интернационална кариера, патувајќи низ целиот свет каде  на познати дестинации има свои настапи со сетови од транс музика под уметничкото име  Spirit Architect.

„Заедно пораснавме, се градевме и приватно и професионално. Секоја љубов е приказна за себе. За нашата можам да кажам дека е совршено надополнување, во кое секој има доволно слобода да биде свој и да не се претопи во другиот“ – зборуваше за својата долга врска со саканиот во едно свое интервју Александра Јовановска.

 

Сега со дфоаѓањето на свет на малиот Лука врската прерасна во вистинско „дуо-трио“ семејство. Нека им е со среќа приновата!

To top